Ги миеме и сечкаме патлиџанчињата.
Ги попрскуваме со сол и ги оставаме 20минути. Потоа ги миеме под млаз вода па ги сушиме со кујнска хартија.
Во длабока чинија на страна ги мешаме лебните трошки, сувите зачини и една лажица брашно.
Во друга чинија ги матиме јајцата.
Тавата ја премачкуваме со путер.
Секое парче од патлиџанчињата го натопуваме со јајце па го валкаме во мешавината од лебни трошки.
Така поховани ги редиме во тавата. Врз секое парче ставаме путер и ја ставаме тавата да се пече околу 20минути.
Печете ги по ваша желба. Ние ги сакаме по крцкави.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови