Ако сакате на вашата трпеза да имате компири подготвени на едноставен и поинаков начин,рецептот сигурно ќе ве заинтересира.
Прво излупените компири ги сечеме на тркалца со дебелина од околу 3 милиметри(значи потенко исечени).Ги ставаме во еден сад и им додаваме сол,црн пипер и црвен пипер и мешаме.Зачинетите компири ги редиме во тавче,кое претходно сме го намастиле со 2 лажици маслинов зејтин.Одозгора ја ставаме павлаката за готвење и млекото.Рендаме кашкавал и го ставаме тавчето во рерна на 180 степени околу 25 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови