Ципурата е убава риба и без многу мака задоволува сечиј вкус. Сепак за моето семејство приготвена на овој начин е најубава.
Рибата прво ја чистиме и миеме. Ја засекуваме на три места и од двете страни. Ја посолуваме и побиберуваме внатре и од надвор. Во секој засек ставаме по тенко исечено парче лимон и тенко сечено парче лук. Вака ја оставаме рибата да се маринира околу час и половина во фрижидер.
На плехот во кој ќе ја печеме рибата ставаме стапчиња за ражничиња на растојание од неколку сантиметри и врз нив дијаганолно редиме други стапчиња. Во празните простори од стапчињата ставаме парчиња кромид, лимон и морков и останатиот лук. Врз стапчињата ги редиме рибите. Секоја риба ја полеваме со маслинов зејтин.

Во тавата додаваме и 200 милилитри бело вино и ги ставаме да се печат 40 минути на 180 степени .
Да напоменам дека лимоните неколку часови ги ставив во вода со сода бикарбона. После тоа убаво се мијат бидејќи се ставаат со кората.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови