1. Млекото и водата се загреваат да се смлачат.
2. Смесата се префрла во длабок сад и се додава солта,квасецот и се меша се да се растопи па се додава јогуртот,брашното и на крај зејтинот.
Добро се измесува да се добие меко и еластично тесто и се остава на топло да стасува додека тестото не го удвостручи својот обем.
3. Стасаното тесто се дели на 10 дела и се прават топчиња.
4. Се редат во подмачкан плех и со ножици се засекуваат страните од топчињата.
5. Се премачкуваат со разматена жолчка и во средината се става по малку сусам и мак или други семки по желба.
6. Цветовите се оставаат 15 мин.да мируваат и тогаш се уклучува рерната на 220 Ц.да се загрее и се печат додека благо не поруменат околу 20-25 мин.
7. Топли се завиткуваат во крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови