Се замесува тесто од сите состојки со стасаниот квасец и се остава да се одмори.
Од како ќе одмори- стаса пак се премесува и повторно се остава да надојде.
Од како и по вторпат ќе стаса се размесува на маса и се прават околу 36 топчиња. Секое топче се расукува во коричка и се засекува на врвот со нож. Секоја коричка се рола и се реди во подмачкан плех. Кифличките се премачкуваат со разматено јајце и стасани се печат околу 20 минути на 200степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови