Оваа рецепта ми е од едно флаерче кое идеше заедно со кесичка брашно и е од пред повеќе од 15 години оттогаш не сме ја смениле за ниедна друга. Влезени се во листата на најомилени во нашата кујна.
Најпрво ги загревам водата и млекото и им додавам две лажици брашно шеќерот и квасецот.
Откако ќе стаса малку се замесува тестото со сите состојки и се остава повторно да стаса околку половина час.
Потоа се дели на осум дела и од секој дел се расукува кора.
Се расекува кората на осум дела и се мотат кифличките. Може да се полнат со фил по желба. Јас им ставам фил од сирење и јајце.
Се редат на подмачкан плех и се премачкуваат со жолчка од јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови