Овој екстра посен рецепт се надевам ќе се најде на многу трпези, лесен и едноставен, а единствено што ви е потребно е добар блендер.

Подготовка
Сончогледот и оревите ги миеме, па ги оставаме во вода да киснат цела ноќ. Потоа сите состојки ги ставаме во чашка од Нутрибулет и со додавање на вода, малку, по малку ја мелеме т.е. блендираме целата смеса до соединување.
Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите и потоа може да сервираме.

Забелешка
Не треба да ставаме многу вода за да не ни стане течна паштетата, ама сепак треба да внимаваме и на блендерот во кој мелеме, да не го прегрееме.
Ако постите без масло, не ставајте масло и така е многу убав намазот.
Вкусот на паштетата си го создавате самите, по сопствен вкус, така да можете да одземете или додадете зачини, како и лимон.