Испечете го модриот патлиџан, па ставете го во сецко или блендер заедно со доматите излупени од лушпата и издробени. Сомелете. Додадете ги останатите состојки и измешајте. Соодносот на зачините доколку имате потреба подесете го спрема ваш вкус.
Сварете ги макароните, исцедете ги и вмешајте го сосот во нив. Заедно се вратете врз топлата рингла и мешајте неколку минути додека се убаво се спои меѓусебно. Послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани