Порцијата со шпагети настана сосема случајно,како резултат од потрага по нови посни рецепти.Одлична промена за мој вкус како голем љубител на тестенини.
1.Шпагетите ги варам вообичаено во зовриена вода во која додавам сол, секогаш варени ал денте (непреварени). Се тргаат на страна и се цедат.
2.Во меѓувреме се сечка кромидот. Во мал сад настрана се мешаат состојките за сос до нивно изедначување.
3.Над шпагетите се става сосот, се додава најгоре младиот сечкан кромид.
За кратко време подготвена ми е вкусна посна порција со тестенини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови