Прекрасна парена торта,со мешан вкус.
Изматете ги јајцата со шеќерот.
Додајте ги маслото, гризот, млекото и брашното помешано со пецивото.
Додаваме кокос и брашно и мешаме со исклучен миксер.
Се мешаат и сецканите ореви.
Сето ова се прелева врз намастен плех и се пече на претходно загреана рерна.
Оставаме да истине печената торта.
Кога е ладна, одиме да спремиме прелив.
Во касерола на оган топиме шеќер и вода. Додаваме какао па оставаме минутки да врие.
Прелеваме со преливот врз печената изладена торта.
Нити многу шербетисано, нити многу суво.
Направете ја и уживајте во нејзиниот вкус.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови