Јајцата се матат со шеќерот. Се матат подолго, убаво да се наполни ванглето во кое матите.
Додавајте вода лажица по лажица.
Исклучете миксерот и додавајте пополека гриз и брашно. Додадете ги паковките ванила и пециво.
На крај промешајте ги оревите и изедначете ја смесата со шпатула.
Прелејте ја смесава во намастен плех. Печете во вжештена рерна на 200 степени.

Шербетот варете го на стандарден начин, шеќерот и водата во тенџерче да провријат. По вкус додајте и лимонче.
Попарете ја тортата. Едното топло, едното ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови