И пак еден од моите омилени вкусови, овој пат претставен како панакота ролат. Мој предлог е веднаш да си направите дупла доза.

Желатинот (10 гр) го прелеваме со вода (околу 50 мл) и го оставаме да набабри. Потоа набабрениот желатин го делиме на два дела, еден за кафеавиот , а еден дел за бело- зелениот дел.
1. За првиот дел ја ставаме слатката павлака заедно со чоколадото да се загрее до вриење(да не врие), а во исто време мешаме да се растопи чоколадото. Го тргаме на страна и го растопуваме желатинот во него. На крајот ја додаваме киселата павлака и ликерот од чоколадо. Оставаме на страна малку да се згусне и подизлади.
2. За вториот дел исто така, слатката павлака и белото чоколадо ги мешаме додека да се растопи чоколадото. Потоа го ставаме желатинот, го растопуваме со мешање и на крај ја додаваме киселата павлака. Мешаме до соединување. Откако малку ќе подизлади смесата ставаме боја која претходно сме ја растопиле во неколку капки вода и ставаме ментол екстракт. Со лажица само правиме две три размешувања, како би се направил мраморен изглед на смесата. Ова може да го направиме и кога ќе го ставиме белиот дел во калапот во кој ќе го правиме ролатот.
3. Силиконскиот калап го намрсуваме со путер и нежно лажица по лажица ја истураме зелено-белата смеса. Го ставаме во фрижидер да се стегне малку, па врз неа го истураме чоколадниот кафеав дел.
4. Најгоре ги редиме пишкотите, нежно и рамномерно. Калапот го ставаме во фрижидер да се стегнат слоевите.
5. За фил ја матиме слатката павлака и го растопуваме чоколадото, па ги соединуваме со матење. Го ставаме филот во шприц и филуваме по вкус и желба. Наросуваме какао.

Забелешка
Отакако ќе се растопат чоколадните делови добро е да се подизладат и згуснат малку пред да ги ставиме во калап бидејќи се во течна состојба, за да добиеме слоевит ролат.