Желатинот се става во 6 лажици ладна вода и се остава 10на минути да желира.
Се загреваат млекото, шеќерот и слатката павлака до степен на вриење и се тргаат од
рингла.
Им се додава ванилата и желатинот и се меша додека се растопи потполно.
По 10-15 минути со повремено мешање се додава чиата.
Се истура во чаши, плитки садови или калапчиња и се остава преку ноќ во фрижидер.
Следниот ден се служи со чоколаден прелив.