Подготовка:
Во сад со топла вода додаваме квасец, шеќер и малку брашно, оставаме да се активира. Потоа во друг сад ги додаваме течните состојки, сол, компирови снегулки, промешуваме и оставаме да отстои 3-4 минути. Го ставаме квасецот, и полека додаваме брашно, замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да отстои и да се дуплира, околу 30 минути. Тестото го делиме на два дела, од секој дел правиме кора, која ја сечеме во форма на триаголници. На краевите ставаме фета сирење и виткаме во форма на кифлички. Ги редиме во тава или плех, премачкуваме со јајце и наросуваме со црн ким. оставаме да одморат 15 минути. Во претходно загреана рерна на 200 степени ги печеме околу 20 минути, или додека не добијат златно жолта боја.