Варијантата на класичните Палмиерс со лиснато тесто е побрза, и со подруга структура, односно покрцкава, и повеќе се како колачиња. Палмиерс направени на овој начин се меки, лиснати и превкусни печива. Како и да е, во секој случај и двата начини на подготовка си имаат своја убавина.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме квасецот, шеќерот, 100 мл од млекото и 2 г.л. од брашното, промешуваме. Оставаме 5-10 минути да се активира квасецот.
2. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, од кои брашното на крај. Замесуваме меко, нелепливо тесто. Садот со тестото го покриваме и го оставаме тестото да стаса.
3. Стасаното тесто го делиме на 20 дела (од по 60 грама) кои ги формираме во топчиња. Сите топчиња ги покриваме со крпа 10-на минути.
4. Потоа почнувајќи од првото топче на работната маса го расукуваме, па го премачкуваме со путерот и насекаде ставаме шеќер. Го завиткуваме, па го издолжуваме малку и го преклопуваме на половина, долниот дел убаво се спојува, па го засекуваме накај преклопениот дел и на тој начин се формира срце (видете додатни слики). Постапката е иста со сите топчиња.
5. Формираните Палмиерс срца ги редиме во плех (врз хартија за печење), ги покриваме со крпа, нека стасаат. Непосредно пред самото печење (во загреана рерна на 180 степени) ги премачкуваме со разматено јајце. Испечените Палмиерс срца дополнително ги посипуваме со шеќер.

Забелешка- Јас пола доза ги направив со шеќер, а пола доза со цимет шеќер.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани