Најпрвин подгответе го филот така што во тава на оган ставете малку масло и сланината. Кратко пропржете ја и додајте го сецканиот праз и сувата пиперка. Пржете додека празот омекне.

Потоа подгответе ја палентата
Во тенџете на оган ставете ја водата и солта и оставете ја да зоврие. Во зовриената вода постепено додавајте ја палентата и мешајте непрекинато.
Откако  ќе се згусти тргнете ја од оган и додајте го путерот, мешајте додека се растопи путерот.
Во правоаголен калап ставете половина од подготвената палента, потоа нанесете го филот и пармезанот и додајте го остатокот од палентата.
Одозгора ставете го тост кашкавалот и презлата и ставете го калапот во загреана рерна на 200 степени 15 минути.
Приготвената палента ставете ја да се излади, а потоа исечете ја на средно тенки парчиња.

Палентата обично ја правам на брзинка со сиренце, ама овој пат сакав да сменам и да испробам нешто поинакво, па го смислив ова, и испадна навистиба вкусно, како еден вид солен колач од палента.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани