Спремав за вафли, па го преименувавме во палачинки. Сепак останавме воодушевени.
Не се класични палачинки. Имаат нешто крцкавко во нив. За наш вкус одлични. Печев на апарат за палачинки, ненамастен, само со смесата. Сметав дека е доволно мрсно од маргаринот во составот.

Подготовка:
1. Сите состојки ги помешав заедно со миксер. Маргаринот го ставив растопен.
2. Така спремната смеса ја подготвувам на апаратот за палачинки.
3. Готовите палачинки ги полевам со мед и со мешавина од шумско овошје.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови