Измешајте ги со жица состојките за тестото за палачинки и оставете го да отстои.
Во подлабока тава истопете го путерот на средно силен оган и ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи. Кога ќе зажолти додајте ги на тенки плочки исецканите шампињони. Пржете мешајки додека цела течност не испари, а печурките добијат убава златна боја. Додајте го виното, варете неколку минути додека алкохолот да испари и финиот карамелизиран слој од дното на тавата не се стопи во виното. Додајте ја павлаката за готвење, кари зачинот и мајоранот. Посолете, побиберете и оставете да проврие содржината на тавата и малку да се згусти. Дотерајте го вкусот.
Од смесата за палачинки испечете 4 малку подебели палачинки.
Филовајте ги во облик по ваша желба, наредете ги во огноотпорен сад, одозгора ставете неколку коцкички путер и запечете ги на температура од 200Ц 5 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани