Најпрво подгответе ја смесата за палачинки
Во сад ставете сите состојки и со миксер изматете ги да се добие изедначена смеса. Покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер.
Подгответе го филот од јаболка
Сувото грозје ставете го во вода малку да омекне.
Јабојката излупете ги, исечете ги на четвртинки и секоја четвртинка на парчина дебели по 4-5 мм. Ставајте ги во ладна вода во која сте додале исцеден сок од лимон за да не потемнат.
Во тава на оган ставете ги путерот и шеќерот и оставете ги да се стопат. Додајте ги јаболката и измешајте. Потоа додајте ги сувото грозје, пињолите, сокот од портокал, циметот и едно мало филџанче вода. Оставете ги да се динстаат додека течноста испари и јаболката омекнат. Повремено нежно мешајте ги за да останат цели, да не се направат како каша.
Кога се готови тавата трнете ја на страна и испечете ги палачинките.
Од оваа смеса јас направив 10 палачинки.
Земете една палачинка и на пола ставите по 1-2 лажица од филот и поклопете ја. Ставите уште 1 лажица пак на половина и поклопете ја како триаголник.
Или едноставно, на секоја палачинка на крајот нанесите од филот и завиткајте ја во ролна. И така додека ги потрошите.
Одозгора попрскајте ги со преливот така што во тава на тивок оган ќе ја стопите нутелата со млекото да добиете течна смеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани