Брашното од хељда има дава на овие палачинки впечатлив вкус. Не би можела точно да го опишам вкусот, но некако најблизу ми е до вкус на јаткасти плодови. Пробајте, верувам дека и вам ќе ви се допаднат.

Јајцата изматете ги со шеќерот и солта, додадете го млекото, зејтинот и брашното и продолжете со матење за да добиете густа смеса за палачинки. Оставете го тестото да отстои 1 час на собна температура.
Промешајте убаво, по потреба доколку ви се гледа смесата густа додадете уште сосема малку млеко.
Пржете палачинки на умерена температура во нелепливо тавче.
Филувајте по желба.
На сликата палачинките се филувани со мед и мелени ореви.

Пробајте да измешате бело брашно со брашно од хељда, количината си останува иста, а вкусот исто така убав!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани