Компирот се ренда на крупната страна на рендето.
Се става во длабок сад. Во него се додаваат јајцата, солта ,биберот и по желба може и друг зачин и сето тоа се меша.
Се загрева Тавата за палачинки од Делимано, во неа се става малку масло.
Од смесата се става една третина во тавата и се пржи се додека да се добие кафеава боја, потоа се превртува и се пржи другата страна.
Од оваа смеса излегуваат 3 палачинки, кои потоа можат да е конзумираат со павлака и некоја салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови