Компирот се лупи и се ренда на покрупно ренде, а потоа се соединува со останатите состојки. Се остава 10минути да се спои смесата, а потоа се пржат палачинките-со лажица се зема од смесата и се става во загреано тавче на малку врел зејтин и со лажицата се расплескува смесата до саканата форма. Палачинките се пржат од двете страни, а потоа може да се ролуваат со полнење по желба-сирење,павлака,некоја кремаста салата...
Овие палачинки може да се kористат и како самостоен оброк со прилог од сезонска салата или како допoлнување при главниот оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела