Се меша заедно павлаката и урдата. Се додава сецкана или рендана свежа краставица, лук сецкан, пипер црн, сусам, морков сецкан или рендан се меша убаво и се пробува по вкус.
Јас ставив и од солените крекери од пица за да има и поубав вкус. Оставив малку да олади во фрижидер и беше превкусна за јадење.
Се декорира со солени крекери од пица од тие што ќе останат од паковката.