Превкусни, пробајте ги.

Подготовка:

1. Во сад ги соединуваме јајцата, солта, маслото, киселата павлака, пецивото. Смесата ја изедначуваме со вилушка.
2. Земаме прва кора премачкуваме со 2 лажици од премазот. На почеток на кората ставаме парчиња печеница и парчиња моцарела. Виткаме како ролат. Ролатот го формираме во круг. Едниот дел на кругот го повлекуваме на кај себе, да го поклопи спојот на ролатот. Формираме осумки на тој начин.
3. Ги редиме во плех. Ги премачкуваме со останатиот премаз, 1,2 лажици. По желба одозгора пред печење може да се премачкаат со 40гр растопен путер. Се посипуваат со сусам и се печат на 180 с да заруменат.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани