1. Претходно посоленото месо се реди во тава намачкана со зејтин.
2. Пилешкото се става во средината.
3. Се редат компирите и морковите за да се направи како подлога за останатото месо.
4. Врз нив се реди и другото месо и се додава свеж магданос, исецканиот кромид, една главица лук, две свежи пиперки и едра сол, обична сол, веѓета, црн пипер, оригано, ловоров лист и 1 лажица супа кнор (лажицата супа се додава за да се добие густина).
5. Се додава преостанатиот зејтин и топлата вода.
6. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени – 1 час.
7. По еден час, ја намалуваме температурата на 100 степени и печеме уште 3 часа.
8. Пивото се додава откако ќе изврие водата.
9. 20-тина минути тавата ја ставаме на дното од фурната, за да изврие пивото и да се створи густ сос.

Ова јадење јас го правев во електричен вршник.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани