Овој ручек беше по барање на синчето, разгледувајќи го Големиот бурдин готвач, ги вртеше страниците и го одбра ручекот. Тој всушност и не знае што јадење е,  најверојатно го привлече сликата.
Филетите се одмрзнаа, ги оставив да се исцедат убаво.
Потоа ги исеков на помали парчиња.
Секое парче се посолува и побиберува и се премачкува со сенф.
Во друг сад се става пивото и во него се додава брашното, шеќерот и зејтинот и убаво се промешува за да нема грутчиња од брашното.
Во оваа смеса секое парче риба се валка и се пржи во загреано тавче. Моја препорака е грил тавата бидејќи ќе ги испржите со најмалку зејтин.
Филетите се пржат додека да добијат убава златна боја.
За сосот
Во длабок сад се става јогуртот, во него се додава мајонезот, краставичките претходно исецкани и исецкано јајце, се промешува и овој сос се користи како прилог со рибата и многу добро се вклопуваат заедно.
Ручекот беше одличен, изборот всушност беше погоден.
Следно барање ќе видам кое ќе биде!!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови