Уживајте во овој освежителен колач. Ако навистина сте обожавател на освежителни колачи воопшто не чекајте веднаш фајќате се за работа за овој прекрасен колач бидејќи и вие ќе се уверите дека навистина е прекрасен.
1. Јајцата делете ги во еден сад белтоци во друг сад жолтоци. Белтоците матете ги со миксер и постепено додавајте го шеќерот и матете се додека да се растопи. Жолтоците исто матете ги со миксер додека да добиете густа смеса. Смесата додајте ја во белтоците и изматете повторно да се соединат.
2. Во садот со смесата додајте ги млеко, маслото и ванилиниот шеќер и матете на најниска брзина. После 1 минутно матење додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте нежно со шпатула или лажица.
3. Смесата истурете ја во правоаголен сад и печете во претходно загреана рерна од 200С 18-20 минути. Откако пандишпанот ќе се испеќе оставете го да се олади.

4. Во тенџере на оган ставете 800 мл од млекото и додајте го шеќерот па промешајте да се растопи шеќерот. Со преостанатите 200 мл млеко промешајте го пудингот од ванила. Пред да почне да врие млекото додајте го пудингот промешан и млекото и со жица за матење мешајте додека пудингот да ја добие потребната цврстина.Откако пудингот ќе згусне тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.
5. Во оладениот пудинг додајте ја киселата павлака и со миксер изматет да се соединат. Филот истурете го над пандишпанот и со лажица распоредете го подеднакво насекаде.
6. Мандарините излупете ги, исчистите ги од конците, делете ги на парчиња и секое парче исечете го на половина. Над филот ставете ги мандарините по желба јас ги имам редено во редови (слика 1).
7. Во тенџере ставете го сокот од лимон, шеќерот и густинот и промешајте да се соединат па тенџерето ставете го на среден оган. Мешајте постојано за смесата да не згрутчи. Откако смесата ќе згусне тргнете ја од оган и уште додека е врела распоредете ја насекаде на колачот.Оставете да се олади па исечете по желба.Добар апетит.

Забелешка
За сок од лимон јас искористив малку сируп од лимон и го откалив со 300 мл вода.
Колачот кога ќе го сечете знајте дека малку е течен но и така треба да биде немојте да мислите дека сте згрешиле некаде.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани