Чекор 1
Изматете ги белките со прстофат сол и со постепено додавање на шеќерот во цврст снег.
Внимателно рачно измешајте ги мелените ореви и брашното.
Смесата ставете ја во обложен со пек-хартија калап на откопчување бр 24 (23) и печете во загреана рерна на 160С околу 25 минуити.
Одлепете ја хартијата од кората и вратете ја повторно во калапот.

Чекор 2
Ставете го млекото (јас ставив чоколадно, такво имав при рака) и чоколадото искршено на коцки во лонче и загревајте го на рингла на слабо-средна јачина додека се стопи и соедини.
Премачкајте врз кората и ставете го калапот во фрижидер додека го спремате следниот чекор.

Чекор 3
Ставете ги оревите во сув сад или тавче и потпечете ги на рингла или во микробранова.
Потоа исечкајте ги.

Жолчките и шеќерот се матат или интензивно мешаат до побелување.

Во тенџерче ставете го шеќерот со водата на средна јачина на рингла и оставете да се добие боја на кирибар, да се карамелизира.
Потоа додадете го путерот и откако ќе се соедини, оревите, па изматените жолчки.
Мешајте неколку минути додека се се соедини и згусни.
Премачкајте врз чоколадниот слој и вратете во фрижидер.

Чекор 4
Растворете го желатинот во водата и додадете го кафето. Соединете и оставете го 10 мин да желира.
За тоа време изматете ја слатката павлака.
Во друг сад изматете го маскарпонето со шеќерот и ванилата.
Соединете ги заедно и во нив додадете го стоениот кафе-желатин.
Соединете.

Извадете ја тортата од калапот и исечете ја рамномерно околу отприлика до 1 см.
Сечениот круг ставете го во еден број поголем калап и премачкајте со мусот од маскарпоне насекаде и израмнете на површината.
Ставете ја тортата во замрзнувач барем 6 часа или преку ноќ.

Чекор 5
Растворете го желатинот во водата, исто така и нишестето (секое во засебен сад).
Шеќерот и сокот од лимон ставете ги на мала јачина на рингла и мешајте да се карамелизира.
Додадете ја топлата вода и слатката павлака. На крај и прстофат сол.
Мешајте на рингла додека се згусти, па откако ќе тргните додадете го желатинот и мешајте да се соедини.
Со оладената и згусната карамел глазура прелијте ја тортата.

Среќен роденден Делимано! ***

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови