На 50на мл маслиново масло запржете ги тиквичките кои предходно сте ги исечкале на ситни коцкички. Заедно со нив пропржете го и лукот, ситно исечкан. Ставете ги на страна да се ладат.

Посебно, на иста количина масло, испржете го кромидот исечкан на полумесечинки и откако ќе омекни, додадете ги пиперките, исечкани или искинати по должина од околу 3см. И нив ставете ги на страна да се ладат.

Во секој сад скршете по 5 јајца и додадете по 50 мл млеко. Посолете и побиберете по вкус и убаво разматете ги со вилушка.

Од секоја смеса испржете по 3 омлети во помало тавче. За секој омлет користете одприлика по 2 лажици маслиново масло.

Додека омлетите се ладат, спремете го филот.
Издробете го сирењето со вилушка, па убаво измешајте го со крем сирењето. На крај вмешајте го и киселото млеко. Босилекот ситно исецкајте го и додадете го во филот.

Филовајте ги наизменично по состав омлетите, при што ќе ставате одприлика по 3 лажици фил врз секој. Најгорниот слој не се премачкува.
Оставете ја омлет тортата во фрижидер убаво да се стегни пред да ја послужите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови