Омлет е, но малку поразличен...

Припрема
- Исчистениот кромид и лук исечете ги на не многу ситно. Во тавка испржете ги на зејтин, но само до омекнување, внимавајте да не го препржите.
- Кога омекне, тргнете од огнот, додадете ги маслинките и магданосот. Оставете неколку минутки да олади, додадете ги јајцата, солта и биберот, добро разбркајте со вилушка.
- Во тавката која ќе ја одберете за омлетот поставете хартија за печење, истурете ја јајчената смеса. Додадете одозгора шери доматите или домат исечен на половина, кашкавалот исечен на коцки, ставете да се пече во рерна претходно загреана на 180 степени. Печете додека добие заруменета боја.
Бидејки е навистина добар овој омлет, знам дека ќе уживате во неговиот вкус затоа велам сега само.
На здравје нека ви е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани