Најпрвин ги лупиме јаболките, 3 киви, 2 банани, а остатокот од кивите и бананите ги сецкаме подоцна, за да не ни потемнат бананите и да не омекнат многу кивите.
Ги сецкаме и јагодите кои ќе ни требаат за одозгора врз филот. Овошјето што ќе го ставаме во тестото исечете го на тенки парчиња како што се гледа на сликата. Ги матиме со миксер јајцата и шеќерот да се уработи добро и се додава јогуртот.
Го додаваме брашното, пецивото, ванилата и мешаме со бркалка. Потоа го додаваме сецканото овошје,односно јаболките, кивите и бананите и промешуваме.

Подмачкуваме плех бр.30 со малку зејтин, малку брашно и ставаме да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 -30 минути во зависност како ви пече шпоретот.
Додека се пече пандишпанот, ја матиме хоплата со 6 лажици шеќер додека да се згусти добро. Кога веќе е испечена кората, чекаме да се излади, ја премачкуваме прво со малку сок за растварање или шербет од некое слатко, а и не мора.
Ја филуваме тортата со хоплата, го редиме остатокот од овошјето и ја оставаме тортата малку да одстои во фрижидер да се измешаат состојките поубаво.
И овој рецепт е италијански од мојата кумица Снежана и благодарност до неа бидејки рецептот е навистина прекрасен и јас често ја правам. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне.

Пријатен апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани