Изненадувачки колку беше освежителен и вкусен колачов, баш по наша мерка.

Подготовка
1. За првиот фил ги мешаме со лажица чоколадниот крем и киселата павлака.
2. За вториот фил ги мешаме со лажица киселата павлака и шеќерот.
3. Бисквитите многу кратко ги топиме во млеко, значи само ги ставаме во млекото и веднаш ги вадиме. Вака е за да кога ќе ги редиме во садот да не ни се лизгаат, а тие ќе си примат влажност од филовите.
4. Редиме бисквити, чоколаден фил, тенки кругови од банана. Потоа пак бисквити, бел фил, тенки кришки јагода, пак малку од белиот фил, да ги пополни празнините, пак бисквити, чоколаден фил, кругови банана.
5. На крајот бисквити и една лажица од белиот фил. Оставаме да се стегне во фрижидер, па потоа украсуваме по желба.

Забелешка
Белиот фил т.е. киселата павлака кога ќе ја мешаме со шеќерот таа го растопува и станува течна. Да го знаете тоа , да не ве збуни или разочара. Ама нејзината влага ја впиваат бисквитите така да целиот колач кога ќе се спојат вкусовите е многу вкусен.