Ставете ја тараната во 1,5 литар зовриена посолена вода да се вари 20 минути.
Потоа исцедете ја убаво и ставете ја во длабок сад. Додадете го грашакот од конзерва и крем сирењето или намазот.
Исечкајте ја печеницата, а кашкавалот исечкајте или изрендајте го. Посолете и побиберете по вкус доколку сакате.
Измешајте се и послужете топло.
Доколку не сте во можност да го изедите топло како оброк, ставете го во калапи или длабоки чинии, покријте го и оставете го во фрижидер. Покасно само превртете го на рамна чинија, украсете и сервирајте го како салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани