1. Ставете ја водата и солта да зовријат, па полека со мешање додадете ја палентата и мешајте на потивок оган 2 минути.

2. Додадете го путерот и откако ќе измешате исто така и павлаката. Павлаката ќе ѝ даде кремаст иглед на палентата.

3. Потоа издробете го сирењето и изрендајте го кашкавалот и измешајте ги.

4. Ставете ја палентата во намрсен калап и за кратко превртете ја на рамна чинија.

5. Одозгора сервирајте со ајвар, маслинки и перца од млад кромид.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови