Се варат млекото, шеќерот, маргаринот и чоколадото за готвење, се остава 2-3 минути да се олади потоа се додаваат мелените бисквити и се меша да се изедначи смесата.
Филот се дели на 2 дела.
На првиот лист обланда се става едната половина од филот, па се ставаат одозгора ресаните, со чоколадниот дел надолу и се премачкуваат одозгора со останатата половина од филот. На крај се става втората обланда.
Се остава да се стврдне и се сече на коцки, штангли или по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови