Избиете ги белките со шеќерот и ставете ги оревите.
Обландите од рапавата страна премачкајте ги со смесата.
Печете ги на 200 степени само неколку минути, да пожолтат малку, на плех од релната превртен однопаку. (претходно ставете хартија за печење на него)
Фил
На пареа, варете ги жолчките со шеќерот додека да се згуснат. Ставете го нес-кафето и чоколадото. Кога ќе се олади во него ставете го измиксаниот путер.
Обландите пресечете ги на пола, ама од долгата страна, хоризонтално. Филот поделете го на 4 дела па почнете со мачкање, редејќи ги обландите една врз друга. Последната не ја мачкајте, најпрво ставете преку хартија за печење и нешто тешко (книги на пр.) и оставете го некое време да се соедини. потоа премачкајте ја одозгора и посипете ја тортата со ореви.
Јас ја сечам на три дела, па потоа секој дел на штангли.
Оригиналниот
рецепт е од anka1971 Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки Ростер

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови