Какаото, водата и лутиот црвен пипер се мешаат за да се добие хомогена кремаста смеса и се остава да се олади.
Брашното, пецивото, содата и солта се промешуваат во еден сад.
Путерот, ванилата и шеќерот се матат со миксер до добивање на светла кремаста смеса, на путерот му се додаваат јајцата едно по едно и повторно се мати до соединување, кон смесата се додава оладената смеса од какао, потоа се додава брашното и киселата павлака на 3 пати, при што се става еден дел брашно еден дел кисела павлака. Добиената смеса се става во калап за мафини и се печи на 180 степени 20 минути. Готовие мафини се оставаат да се оладат целосно и се длабат во средината каде што се става полнежот.
Полнеж
200 мл. од млекото се става на оган и му се додава шеќерот, во останатите 50 мл. млеко се раствора пудингот од чоколадо. Откако ќе зоврие млекото се додава растворениот пудинг и се вари.Откако ќе се згусни се трга од оган и му се додаваат чоколадото и путерот се промашува до соединување. По истиот начин се подготвува и белиот фил.
Мафините се полнат,а со белиот фил се прави ,,венче,, кое што се посипува со кокос, потоа врз мафините се ставаат корнетите.
На прашокот за шлаг му се додава газираната вода и се разматува до цврст снег се додава прехрамбената боја и се промешува да се соедини.Со шприц се украсуваат корнетите и се декорираат со бонбоните.
Ако не сакате да ставате прехрамбена боја може елките да бидат бели.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови