Желатинот растворете го во ладната вода, измешајте го и оставете го 10 мин. да набубри. Потоа стоплете го на тивок оган или на сад на преа да стане течна маса. Тргнете го од оган.
Шеќерот додадете го во пирето од тиква и мешајте со жица или миксер да се растопи. Потоа пополека додавајте го желатинот и миксирајте со голема брзина околу 10 мин. Смесата нема многу да се зацврсти.
На плех со димензии 30х20 см. редете бисквитите натопени во сок од портокал. Сипете 1/2 од кремот, повторно нарете бисквити, останатиот крем и останатите бисквите. Одозгора прелејте со чоколада и оставете ги да преноќат во фрижидер. Утредента сечете коцки и послужете ги .

Може да се направи и како десерт во чаша, со кршени бисквити, на крајот место чоколада со шлаг. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови