Ставете ги водата, солта и маслото да зовријат. Тргнете од рингла и додадете го брашното со енергично мешање додека не се добие глатко тесто. Оставете да се лади.
Измиксирајте го тестото и постепено, едно по едно, додавајте ги белките.
На крајот додадете ја саламата предходно изрендана. Измешајте убаво.

Смесата пренесете ја во нелеплива тава 25х35, која предходно добро сте ја премачкале со масло. Со раце или погоден кујнски предмет, рамномерно распоредете ја.

Печете на 180С околу 25 мин. Нека не ве плаши обликот што ќе го видите во рерната додека се печи-нормално се при ваква подготовка на тестото.
Готовата кора извадете ја внимателно од плехот и свиткајте ја како ролат во влажна крпа.

За филот, измешајте ја изварката со павлаката. Во нив изрендајте ги краставичките и јајцата и убаво измешајте.
Филовајте ја кората ладна и завиткајте во ролат. Оставете го така со се крпа во фрижидер или замрзнувач на рамна подлога да се стегни. Потоа, извадете ја крпата, исечете го на парчиња и уживајте во убавиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани