Овој ролат своето име го има добиено заради тоа што навистина е многу мек и нежен кога ќе се испече.
Јас ставив малини, но секако вие може да ставите какво и да имате овошје дома, а овој период го има во изобилство.
Најпрво ја правиме кремата оти треба да е добро изладена.
На оган во тенџере го ставаме млекото и шеќерот и го правиме пудингот по упатството. Откако е готов додека се’ уште е топол го додаваме маргаринот и чоколадото и мешаме да се добие убава хомогена смеса.
Започнуваме со подготовка на пандишпанот.
Во еден сад ги ставаме жолчките, ги матиме со миксер и постепено го додаваме маслото, водата и на најмала брзина мешаме. Мешајќи го додаваме брашното.
Во друг сад правиме убав цврст снег од белките и шеќерот. Вака добиениот шлаг го додаваме со садот со жолчките и го додаваме прашакот за пециво.
Се заедно мешаме со лажица, не со миксер за да биде смесата убава и мека.
Ја ставаме смесата во плех обложен со хартија за печење и печеме околу 15на минути.
Испечениот пандишпан го ставаме на друга нова хартија за печење и го оставаме да се олади убаво.
Така оладениот пандишпан го премачкуваме со филот, ставаме малини на едниот крај и го виткаме во ролат.
Заедно со хартијата како што е завиткан го ставаме во фридижер да се олади олади убаво неколку часа.
На крај го наросуваме со шеќер во прав и декорираме со малини

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови