Ми стигна Делимано тавата за палачинки и веднаш се „здадов“ во кујна да ја пробам.

1. Во мал сад ги мешаме посното млеко, лененото семе и оцетот (ова е замена за јајце).
2. Во друг сад ги ставаме брашното и пецивото, па на оваа смеса ги додаваме првите состојки, а и сите останати. Мешаме со вилушка за да се направи воздушеста смеса (не со миксер). Ако случајно ви се направи многу густа смеса, разредете ја со малку водичка. Ја оставаме смесата да отстои 15 минути. За ова време го правиме чоколадниот крем.
3. Водата и шеќерот ги оставаме на оган да зовријат, па го додаваме какаото и тоа малку да се свари. Ја тргаме од оган смесата и го ставаме чоколадото да се растопи, со постојано мешање.Оставаме да се лади.
4. Бананите ги ставаме во сечко да се сомелат, јас тука ги ставив и оревите, да се направи еднолична смеса. Потоа чоколадната и смесата од банани и ореви ги мешаме заедно. Ова ни е чоколадно-овошниот крем.
5. Ја ставаме тавата за палачинки да се грее. Ако досега во тефлонска тава сум печела американски палачинки на 4 или 5, (на ринглата имам мерка на загревање до 6), сега со ова тавче печев на 2. Презадоволна....
Првата палачинка ја ќумурдисав ( ја вклучив на 5, па ја намалив на 4 ринглата, ама и тоа испадна дека е многу).
Кога ќе се направат меурчиња од горната страна на палачинката, внимателно со дрвена шпатула ја одлепуваме од тавата и ја превртуваме.
6. Редиме палачинка, фил, палачинка, фил или како сакате....

Е сега околу филувањето. Јас филував веднаш, не беше ниту изладен убаво кремот, па малку беше и течен. Ако сакате да биде поцврст, најубаво е да го направите претходно и добро да го изладите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани