Имам аверзија кон суперлативи во насловот, но овие кифлички навистина го заслужуваат овој суперлатив со обзир дека се без квасец, а се меки и вкусни како квасните, дури и ден-два потоа.
Предноста е што се приготвуваат многу брзо и се оди лесно.

Во садот за месење ги ставаме течностите. Млекото не треба да се загрева.
Со жица ги мешаме со белката, па солта и пецивата и на крај го додаваме брашното. Прво пола кг, а потоа со додавање до глатко мазно тесто. Кај мене влезе 570 гр.
Оставаме покриено да одомри 15 минути, а за тоа време ја пуштаме рерната да се загрее на 220С.

Тестото потоа го делиме на топчиња, малку помали од тениски и ги тенчиме со сукалка скоро широко правоаголно, па сечиме со нож на едната страна не до крај и на несечениот дел ставаме сирење, па виткаме во кифла која потоа ја виткаме како потковица.

Кифлите одозгора ги премачкуваме со жолчката измешана со млеко, можи но не мора да се поросат со семиња по желба.

Се печат на 200 степени додека не фатат убава фина боичка одозгора, од прилика 20ина мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови