Фантааастични, многу брзи и многу меки кифлички. Ги препорачувам на сите оние кои немаат многу време да поминат во кујната, но кои сакаат домашно подготвена храна. Готови се за помалкуод 30 минути, несметајќи го времето за печење. Имате 2 големи плеха од овие прекрасни кифли. На дополнителните слики се гледа какво е тестото, полно е со меури и идеално е заработа. Прво во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира. За тоа време во вангличка ги соединуваме маслото, јогуртот, солта, пецивото. Го додаваме стасаниот квасец и брашното. Месиме нелепливо тесто. Не го чекаме да се дуплира, туку одма го делиме на 2 топки. Ја расукуваме првата топка во кора, ја делиме на триаголници. На секој триаголник ставаме фил од соединети урда и белка. Виткаме кифли и одма ги редиме во плех. Постапката е иста и со другата топка тесто. Сега ја вклучуваме рерната да се загрее. Ги премачкуваме кифлите со жолчка во која сме додале масло или млеко. Наросуваме сусам. Веќе рерната е загреана и ги печеме кифлите. Ги вадиме на решетка малку да се изладат па ги послужуваме.