Прво семките од тиква кратко и внимателно ги запекуваме во тефлонска тава. Половина од количината ситно ја мелиме, а половина покрупно. Во еден сад со миксер ги соединуваме путерот и крем сирењето. По потреба додаваме сол и бибер. Додаваме ситно сецкан власец, масло, оцет, истолчено лукче, кисела павлака, семките. Соединуваме. По желба додаваме зачини по сопствен вкус, триена сол, кари...Оставаме во фрижидер на 30 минути, за да се спојат вкусовите. Послужуваме со препечено лепче.