Во водата ставете го квасецот и шеќерот и промешајте да се стопат.
Потоа додајте го маслото, 3 чаши брашно, солта и почнете да месите. Четвртата чаша брашно користете ја постепено, можеби нема да има потреба од целата количина, важно тестото кое ќе се добие да биде мазно и нелепливо. Убаво измесете го, изудирајте го триесетина пати од работната маса и оставете го еден час покриено.
Додека кисне, направете го сосот, разматете го брашното во водата и ставете го на оган да зоврие. Кога ќе се направи како пудинг тргнете го и оставете го да се олади, цело време мешајќи да не се направи коричка.
Стасаното тесто поделете го на два дела.
Тавата во која ќе го печете лебот премачкајте ја со путер или маргарин.
Ставете го едниот дел од тестото во тавата и со раце растегнете го и формирајте го обликот на лебот.
Со раце земете од изладениот сос и со прстите направете ги шарите врз тестото, издупчете го на неколку места. Целото тесто нека биде покриено со сосот. Одозгора наросете со сусамот.
Истото направете го и со другиот дел од тестото.
Покриете ги со крпа и вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Печете петнаесетина минути, додека не добиете убава боја.
Уживајте во убавината на вкусното, домашно, топло лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови