Исчистената и на половина исечена боранија ставете ја малку да се обари во солена вода околу 10 минути. Во тава испржете ги исецканиот кромид, морков, пиперки и лук малку колку да омекнат, зачинете ги и додадете ја боранијата заедно со мал дел од водата во која се вареше. Оставете сите состојки уште малку да се динстаат и истурете ги во загреана земјена тава. Ставете ја боранијата така да се потпече околу 20 минути во рерна на 220 степени. За тоа време изматете ги јајцата заедно со јогуртот и павлаката, додадете куркума и ситно исечкан магдонос, додадете малку бибер и сол и истурете ја смесата врз потпечената боранија. Печете ја мусаката уште 20 минути на истата температура. Послужете ја топла. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови