Чашата е од 200 мл и се се мери со иста чаша.
Одвојте го жолчките од белките и чолчките матете ги додека станат пенасти заедно со шеќерот и со ванилиниот шеќер.
Додате го маслото постепено, киселата павлака, брашното и печивото. Измешајте ја смесата.
На крај додаете го снегот од белки. Смесата поделете ја на два дела и во едниот дел додате го какаото и убаво измешајте.
Модлата за куглоф убаво намастете ја со путер и прво ставете ја смесата со какао а потоа другата смеса.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 до 45 минути(најдобро да си проверите со чепкалка)
Печениот и оладен колач се прелева со стопено чоколадо со масло.Се декорира според вкусот.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови