1. Јајцата ги матиме кратко потоа се додава шеќерот и ванилата и се мати околу 5 минути. Потоа се додава јогуртот, зeјтинот и кората од лимон.
На крај се додава брашното и пецивото и целата смеса убаво да се соедини.
2. Релната загрејте ја на 180 степени. Половина од смесата сипете ја во подмачкан куглоф и ставете ја околу 5 мин во релна да фати коричка. За тоа време изрендајте ги јаболките, во нив додадете ја пасирана бананата и циметот. Кога ќе фати кора колачот распоредете го убаво филот од јаболки и одозгора сипете ја преостанатата смеса во која сте го додале какаото.
3. Колачот се пече околу 45 мин на 180 степени.
Кога ќе биде готов по желба посипете го со чоколадна глазура и шеќер во прав

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови