Ова е едно од моите омилени јадења. Првпат го пробав кај мојата пријателка хрватица и од тогаш редовно е на нашето мени. Традиционален хрватски рецепт.
Пилето се пече стандардно во тава, зачинето по вкус, полиено со малку зејтин.
Подготовката на домашните млинци е следна
Се замесува тврдо тесто од вода, брашно и сол. Се расукуваат тенки кори кои се печат на задниот дел од плех од шпорет или пак на хартија. Секоја кора се пече додека не зарумени. Од овие состојки излегуваат околу 12-13 кори. Ако ви останат, можат да стојат за следниот ручек.
Испечените млинци се варат во посолена вода, откако ќе бидат готови се додаваат во тавата во која се печела кокошката и добро се промешуваат со сокот и маслото кое го испуштила кокошката.
Со ова јадење добро оди руска салата.
П.С Не мора само со кокошка да се комбинира, може и со мисиркино месо

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови