Едноставен начин на подготовка на вкусни,зачинети млади компири.Измиените млади компири ги сечиме на покрупни парчиња и ги ставаме на оган во вода.Треба да вријат 10 минути и се тргаат од оган.Се мијат со ладна вода и се цедат од водата.Се мешаат зачинот од сушен зеленчук,солта,црвениот пипер,ориганото и зејтинот.Со тоа се полеваат компирите.Се мешаат и се ставаат на хартија за печење.Се поросуваат со сусам.Се печат 20 минути на 200 степени.Едноставно и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови